skauto

СК Ауто е млада и динамична компанија за продажба и дистрибуција на авто делови основана во 2009. Дел од портфолиото се производи од гума автомобилската индустрија (манжетни за хомокинетички зглобови, манжетни за полуосовини, манжетни на управувачот), како и голем избор на црева за интеркулери за сите модели на автомобили, филтри и автомобилска галантерија.

Од 2018 година Ск Ауто остварува контакт со Polcar , најголемиот склад за каросериски делови во Европа, со што добива дополнителни 180,000 артикли на располагање во асортиманот кој што покриваат голем број на патнички и лесни комерцијални возила во следните групи:

  • каросериски делови
  • потрошни делови
  • делови од системот за греење и ладење
  • авто опрема

Ценејки ги побарувањата на македонскиот пазар кој има потреба од високо квалитетни резервни делови ,широк асортиман и професионалност во продажбата , Ск Ауто станува авторизиран дилер на Polcar за Македонија.